Николина Петроска
Николина е мајка на две деца од кои помладиот е син на 7(седум) годишна возраст и е дијагностициран со СМА.
Таа е еден од основачите за Здружението СТОП СМА и негов Потпретседател, а исто така е и координатор за педијатриските пациенти.
Посветено работи на подигање на свеста за СМА, заштита и унапредување на правата на пациентите, лобирање за воведување на терапии за СМА и програми за ран пристап до терапии во развој. Исто така помага во организација и координација на состаноците и настаните на Здружението, и се грижи за обезбедување сеопфатна и навремена информираност.