Деница Велковска

0 Коментар
157 Прегледи

Био: Деница е мајка на две момчиња, од кои постарото е со СМА тип 2. Таа е еден од основачите и Претседател на Здружението „СТОП СМА“ и трениран пацентски експерт.

Деница е делегиран претставник од страна на SMA Europe да ги застапува интересите на европските СМА пациенти во работните телата на Европската агенција за лекови- ЕМА. Исто така таа е EURORDIS Summer school alumni.

Нејзината претходна професионална и волонтерска историја вклучува работа во областа на човековите права, права на лицата со попречености, развој на капацитети на локална самоуправа, децентрализација и трговија.

Во последните години во нејзин фокус се вмрежувањето, размена на знаење, застапување и поддршка на родителите, иако најголемо внимание посветува на лобирање за соодветна нега и третман на пациентите со СМА пациенти во Република Северна Македонија и придонес во европската организација за развој на терапии и наjширок можен пристап до терапии и нега на пациентите со СМА.