СМА ден на Клиника за детски болести- Скопје
Во соработка со Клиника за детски болести- Скопје и со специјалисти од повеќе здравствени установи, во Мај 2019 за прв пат се спроведе мултидисциплинарен преглед и едукација на пациенти со СМА. Тимот на специјалисти кој изминативе години интензивно соработува кон развој на мулти- дисциплинарен пристап на нега на СМА одржа прегледи на СМА пациенти на Клиника за детски болести- Скопје. Прегледите беа спроведени во комплетно изолирани стерилни услови и беа координирани со семејствата за непречено одвивање на сите во ист ден. „СМА ден на клиника“ се состоеше од поединечни прегледи, консултациии, едукација и упатување на понатамошни испитувања.