Здружението СТОП СМА Скопје се приклучи кон Европската СМА организација во Април 2018г. Здружението СТОП СМА Скопје е претставувано во Собранието на SMA EUROPE со неговиот Претседател Деница Велковска. Работата на Собранието на SMA EUROPE се одвива преку постојана онлајн координација, состаноци 4 пати годишно, од кои 2 лице в лице и 2 веб-состаноци.
SMA EUROPE е почитувана и добро позната европска чадор- организација. Нејзините членови се претставници на национални организации членки за СМА. SMA EUROPE ја застапува европската СМА заедница на глобално ниво, обезбедува експертиза за Спинална Мускулна Атрофија на различни организации вклучително и Европската медицинска агенција- ЕМА, дејствува како амбасадор залагајќи се за позитивен, проактивен дијалог и партнерство помеѓу сите засегнати страни од СМА Европа за подобрување на животот на луѓето кои живеат со СМА и нивните семејства низ цела Европа.