Biogen иницира фаза 4 во студија кај пациенти третирани со генска терапија
Biogen ја информираше СМА заедницата за фаза 4 студија во која е планирано да се открие дали дополнителниот третман со Nusinersen може да ги подобри исходите кај оние кои примаат генска терапија.
Biogen се подготвува да поднесе барање за ново испитување наречено РЕСПОНД, којe ги разгледува придобивките на пациентите кои продолжуваат со или започнуваат со Nusinersen после генска терапија. Постојат извештаи за голем број на пациенти кои биле третирани со Nusinersen по третман на генска терапија, но не постојат вистински собрани докази за придобивките. Biogen ќе ги соберат овие податоци, а ќе започнат со вклучување на пациенти во 2021 година. За повеќе информации кликнете овде: https://investors.biogen.com/news-releases/news-release-details/biogen-plans-initiate-phase-4-study-evaluating-benefit-spinrazar