Втора СМА средба на пациенти и специјалисти 2019
Втората СМА средба на пациенти и специјалисти се одржа на 30.08.2019г. под мотото „Спинална Мускулна Атрофија во Р.С.Македонија – новини и предизвици“.
На средбата повторно беа присутни специјалисти од повеќе медицински области кои ја засегаат и третираат СМА и тоа: неврологија, пулмологија, интензивна нега, ортопедија и физикална медицина и рехабилитација.
Главниот фокус на средбата оваа година беше ставен на промоција на МК јазик на Семеен водич во меѓународните стандарди за нега на СМА 2017.