Здружението е целосно засновано врз волонтерска работа на луѓе кои се блиски со прашањата на СМА, кои работат според нивните знаења и вештини и дејствуваат според своето слободно време, во корист на сите оние кои се засегнати од оваа тешка болест.
За нас
За Стоп СМА
Здружението СТОП СМА Скопје беше основано во Јануари 2018 година, од родители на деца со Спинална Мускулна Атрофија- СМА, кои одлучија да ги здружат силите за да изградат мрежна поддршка за лица со СМА и нивните семејства. Здружението е основано со Акт за основање на 09.01.2018 година и Решение на Централниот регистар од 30 Јануари 2018 година. Здружението ги обединува македонските пациенти со СМА и нивните семејства, го претставува нивниот глас и се обидува да обезбеди подобар пристап до третман, опрема и потребна медицинска нега.
Согласно Статутот усвоен во 2018 година, највисок орган на Здружението е Собранието кое го сочинуваат сите негови членови. Здружението го претставува и застапува Претседателот, кој истовремено е и Претседател на Управниот одбор. Управниот одбор е составен од основачите и истиот ги надгледува стратешките активности на Здружението. Различните активности ги спроведува тим од членови и волонтери.
Мисијата на Здружението СТОП СМА Скопје е: Промоција и остварување на правото на квалитетен и достоинствен живот за лицата со Спинална Мускулна Атрофија во Република Северна Македонија.
Цели и задачи на Здружението се:
- Заштита на правото на живот на лицата со Спинална Мускулна Атрофија (СМА);
- Остварување на правото на здравствена нега и заштита на лицата со СМА;
- Пристап и лекување на лицата со СМА со иновативни терапии и лекови;
- Остварување на правото на лекување во странство на лицата со СМА;
- Право на пристап до асистивни уреди и справи за лицата со СМА;
- Остварување на правата од социјалната заштита на лицата со СМА;
- Промоција и остварување на правото на инклузија во редовното образование за лицата со СМА и други лица со попречености;
- Остварување на правото на персонални асистенти;
- Промоција на правата и потребите на лицата со СМА и други ретки болести;
- Подигање на јавната свест за отворено и инклузивно општество за лицата со СМА и други ретки болести;
- Соработка со други здруженија во насока на промоција и подобрување на правата на лицата со СМА и со други ретки болести;
- Поддршка на новодијагностицираните пациенти со СМА;
- Остварување на правата од работните односи за лицата со СМА и други ретки болести.
Целосен назив: Здружение на лица со Спинална Мускулна Атрофија – СТОП СМА – Скопје
Кратко име: Здружение СТОП СМА Скопје
Адреса: Ул. Рафаел Батино бр. 45, 1000, Скопје
Банковна сметка
За МКД трансфер:
Назив на правно лице: Здружение СТОП СМА Скопје
Адреса: ул. Рафаел Батино бр.45, 1000, Скопје
Број на сметка: 210- 0725859301- 03
Банка: НЛБ Банка
Foreign export earnings instructions- EUR:
Client details: Zdruzhenie STOP SMA Skopje
Address: Rafael Batino Br.45, Skopje, Gjorche Petrov
IBAN Code: MK07210722000074175
Bank details: NLB Banka AD Skopje
Bank address: Mother Teresa 1
Country: Macedonia
SWIFT: TUTNMK22
ЕМБС: 7258593
ЕДБР: 4044018514453