Вежби и техники за вежбање на мускули наменети за пациенти со СМА и нивните семејства за време на пандемијата на COVID-19

Оваа презентација е изработена во соработка со Тина Дуонг, физиотерапевт од Универзитетот Стенфорд и Рош, помогнато и поддржано од Здружението СТОП СМА – Скопје. Намената е да им помогне на пациентите со СМА, нивните семејства, во тек на пандемијата на COVID, со цел да се обезбедат дополнителни идеи за вежбање во домашни услови во случај кога имате отежнат пристап до здравствена установа.

Материјалот и видео-презентацијата е прегледана и адаптирана од медицински аспект од страна на насл. доц. д-р Билјана Митревска, специјалист физијатар, од Институтот за физикална медицина и рехабилитација, Скопје.

Предвидената презентација не е наменета да замени каков било вид на професионална поддршка или придонес во здравствената заштита. Целта е да дадеме практични упатства и примери што би можеле да ги користите дома во овие тешки времиња. Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар пред да започнете со која било од овие предложени вежби.

ВОВЕД

За најдобри резултати, прочитајте ја содржината на информативните слајдови во PDF формат (слајдови за читање). Видео-демонстрациите и домашните ресурси за да ги направите овие вежби се предлози, но ќе зависат од Вашите индивидуални способности. Ве молиме, одвојте си доволно време да ги погледнете видеата за демонстрација пред да започнете со вежбање.

Поглавја за вежбање

Целите вклучуваат вовед во невромускулно образование, што е рамка која се користи во физиотерапија за рехабилитација. Исто така зборуваме за некои размислувања за вежби и техники за олеснување што се користат како дел од модалитетите во физиотерапијата. Поглавјата за вежбање ќе вклучуваат флексија на лактот, која ќе биде разгледана како флексија без гравитација, како и флексија спротивно од гравитација. Поглавјето три е наменето за контрола на главата. Потоа, во четвртото и петтото поглавја ќе зборуваме за контрола на телото и различни техники на справување што може да ги користи лицето кое се грижи за Вас за да Ви помогне да направите некои од овие вежби, како и за активно седење. Потоа ќе завршиме со шестото поглавје во кое ќе зборуваме за некои преодни аспекти на подвижноста, вклучително и премин од легната во исправена положба.

ПОГЛАВЈЕ 1: Флексија на лактот без гравитација
ПОГЛАВЈЕ 2: Флексија на лактот спротивно од гравитацијата
ПОГЛАВЈЕ 3: Контрола на главата

ПОГЛАВЈЕ 4: Контрола на телото при седење: техники на справување
ПОГЛАВЈЕ 5: Контрола на торзото
ПОГЛАВЈЕ 6: Од легната во исправена положба

ПОГЛАВЈЕ 1: Вежби за флексија на лактот без гравитација

Прво поглавје, свиткување на лактот во положба без гравитација. Прво, накратко ќе разговараме за зголемување на силата, ова ќе биде применливо во ова поглавје, како и во второто поглавје, прикажувајќи го напредувањето постигнато при флексија на лактот.

ПОГЛАВЈЕ 2: Вежби за флексија на лактот спротивно на гравитацијата и ексцентрична контрола за спуштање на раката

Поглавје два, флексија на лактот спротивно на гравитацијата и ексцентрична контрола за спуштање на раката. Во ова поглавје, ќе разгледаме движења спротивно на гравитацијата користејќи објекти од домаќинството за да го зголемиме интензитетот, но на крајот од видеото ќе зборуваме и за користење на трицепсот и активирање на трицепсот за да ја контролираме раката надолу. Запомнете, кај СМА, бицепсите или флексорите на лактот се посилни од трицепсите, тие ги свиткуваат лактите. Па така, можете да ги правите овие вежби за флексија на лактот и негово свиткување.

ПОГЛАВЈЕ 3: Вежби за контрола на главата

Трето поглавје, контрола на главата. Во ова поглавје накратко ќе разговараме за тоа како да се зголеми силата на мускулите на вратот од лежечка до седечка положба. Погледнете го видеото за да видите како лицата кои се грижат за пациентите можат да им помогнат на пациентите при вежбање на контрола на главата за да можат да ја држат главата исправена, како и активно да ги ангажираат мускулите за да ја свртат главата на страна.

ПОГЛАВЈЕ 4: Контрола на телото при седење: техники на справување

Четврто поглавје, контрола на телото при седење. Во ова поглавје ќе се фокусираме на техниките на справување кои можат да ги користат лицата кои се грижат за пациентите и кои ќе им помогнат при одржување на исправено седење.

ПОГЛАВЈЕ 5: Контрола на торзото кај возрасни лица

Поглавје пет, контрола на горниот дел од телото, торзото. Во ова поглавје ќе разговараме за тоа како да ги активирате стомачните мускули и мускулите на грбот заедно за подобро исправено седење, како и да дадеме пример за зголемување на контролата на торзото додека станувате посилни и како и за методите за екстензија на средниот дел на грбот за да овозможите подобро проширување на градниот кош или исправено држење на телото.

ПОГЛАВЈЕ 6: Од легната до исправена положба

Поглавје шест, ќе зборуваме за транзиции, вклучувајќи од лежење до стоење. Ова поглавје ќе даде примери на клучни области на кои треба да се фокусирате додека работите на активности во транзиција и техники на справување, потребни за премин од легната положба преку тркалање, клекнување до стоење. Исто така, ќе разговараме за вид на активности со отворен и затворен синџир што се однесуваат на тоа како работат Вашите мускули за да се подобри функцијата и зголеми силата.