Симона Јовевска
Симона Joвескa е родена во Охрид, Република Македонија, во јули 1986 година, а живее и работи во Битола. На возраст од 18 месеци и е дијагностицирана СМА тип 3. После средното образование се запишува на Факултетот за биотехнички науки во Битола, каде што ги заврши и своите магистерски студии во областа на менаџмент во биотехниката во 2013 година. Таа е мал претприемач
Од 2011 Симона активно работи на полето на подобрување на социо-економската положба на лицата од ранливи групи, пред се преку овозможување на бесплатни обуки за зголемување на нивните вештини и знаења, во рамките на Центарот за едукација Лоотус Ј во кој што Симона покрај основач и менаџер се јавува и како предавач, односно наставник кој што работи со деца и возрасни.
Симона Joвескa во Здружението СТОП СМА е одговорна за координација на возрасната група на СМА пациенти. Во Мај 2019г. таа со помош на своите колеги од Центарот Лоотус Ј е одговорна за преведување на македонски јазик на Семеен водич во меѓународните стандарди за нега на СМА 2017, кој беше промовиран на „СМА средба на пациенти и специјалисти 2019“.