Стандарди за нега на СМА

Спинална Мускулна Атрофија е ретка медицинска состојба која честопати бара сложена мултидисциплинарна нега. Поради оваа причина, експертите за СМА развија и објавија Упатства за нега за оваа болест.

Академски публикации

Првиот документ со наслов Консензус препораки за меѓународни стандарди на нега на Спинална Мускулна Атрофија (документ/превземи) беше објавен во 2007 година. Вградувајќи ја најдобрата клиничка нега, овој документ беше водич за лекарите долги години. Подоцна, во 2015-2017 година, глобален тим од експерти ги ревидираше постојните знаења и клиничка пракса и разви нова верзија на документот, кој беше објавен во 2017 година во два дела под едноставен наслов „Дијагноза и управување со Спинална Мускулна Атрофија“. Документот можете да го прочитате и преземете подолу.

Neuromuscular Disorders, 28 (2018) 103-115. doi:10.1016/j.nmd.2017.11.005

Дел 1- Препораки за дијагностика, рехабилитација, ортопедија и нутритивна нега

Neuromuscular Disorders, 28 (2018) 197-207. doi:10.1016/j.nmd.2017.11.004

Дел 2- Белодробна и акутна нега, лекови, додатоци и имунизации, други органски системи и  етика

Од најголемо значење е овие медицински упатства да бидат прифатени и проследени од сите лекари кои се грижат за пациенти со Спинална Мускулна Атрофија.

Семеен водич во меѓународните стандарди за нега на СМА 2017

Во 2019 година беше објавена семејна верзија на 2017 Стандардите за нега на СМА од страна на TREAT-NMD, глобална академска мрежа која се фокусира на невромускулни нарушувања. Здружението СТОП СМА доби правото да го преведе на македонски јазик во Август 2019г . Семејниот водич на македонски јазик може да го прочитате / преземете подолу.

PDF File

Водич за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија

Во организација на Клиниката за неврологија излезе првиот Водич за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија.

Водичот содржи стручни препораки и насоки во однос на следење на одложени имунолошки посредувани компликации, невропсихолошки последици, и евентуално одложен развој на невродегенеративни заболувања кај заболените со Ковид-19.

Препораките се направени врз основа на досегашните искуства и известувања од повеќе медицински центри, стручни асоцијации на невролози и мислења од експерти, а во согласност со иницијативaта на Европската академија за неврологија (EAN). Водичот можете да го преземете подолу.

Vodic-COVID-19