Ново-дијагностицирани

Ако неодамна сте добивте дијагноза СМА за вас или за вашето дете, би сакале да ви помогнеме со неколку почетни насоки:

  1. Прочитајте ги сите информации на нашата веб-страна.

  2. Запознајте ги другите СМА семејства во групата Stop SMA Makedonija на Фејсбук и поставете го секое прашање што ве интересира.

  3. Најдете го делот за нега на следниве веб-страници: SMA Support UK, CureSMA. Правилната нега е клучна за SMA и ќе мора да научите многу!

  4. Разговарајте со вашиот лекар за за тоа која е најсоодветна терапија за Вас/Вашето дете.

  5. Доколку ви е потребна психолошка поддршка, можете бесплатно да ја добиете преку  нашите пријатели од Здружението Живот со предизвици.

  6. Можете да изразите желба да станете наш член со пополнување на Пристапница и испраќање на нашата адреса или предавање лично. Пристапницата превземете со кликање тука!

  7. Секогаш контактирајте не доколку имате прашања, а ние несебично ќе ја понудиме нашата поддршка.