Please wait while flipbook is loading. For more related info, FAQs and issues please refer to DearFlip WordPress Flipbook Plugin Help documentation.
Петар – тоа сум јас!
Возбуден сум што можам да ја споделам со вас мојата приказна за животот со СМА. Многу сакам да одам на игралиште со сите мои пријатели. Запознајте некои од нив подолу!
Стефан – тој е мојот брат.
Тој е шампион во играње криенка. Освен кога ја носи таа портокалова кошула.
Марио – тој е мојот пријател.
Тој најдобро игра со топка на игралиштето. Дури и меркатите не можат да го победат.
Г-ѓа Зебра – таа е мојата мајка.
Таа е мама број еден во светот, а и мој личен стилист.
Беснике – и таа е моја пријателка.
Таа обожава добро смути од бамбус и сака да стане готвач еден ден.