Банката за опрема на Здружението СТОП СМА има за цел да обезбедува и изнајмува опрема за рехабилитација и медицински помагала кои не се на товар на ФЗОМ или од некои причини е попречено/одложено стекнувањето правото на обезбедување преку ФЗОМ.
Здружението се обидува да обезбеди бесплатно изнајмување опрема за СМА пациенти и отворено прифаќа донации во медицинска опрема. Доколку некоја компанија сака да донира опрема во нашата банка, може да ја погледне Листата на потреби и потоа да не контактира.